Миа Костова заедно со блиската пријателка Тијана замина на пролетна прошетка во Сицилија, Италија.
Се разбира, македонската инфлуенсерка, секој интересен момент од новото патешествие го сними и го сподели пред следбениците на социјалната мрежа Инстаграм.

Миа како и секогаш, така и овој пат беше искрена и отворено го кажа своето мислење за местото кое го посети.
Имено, таа сподели видео од позната и скапа плажа која според неа никогаш не би ја одбрала за летен одмор.
„Ова е само уште еден доказ дека, работите многу подобро изгледаат кога ги гуглаш или ги гледаш на Инстаграм. Ова беше нели познатата плажа … И можам да ви кажам дека мене лично ми е најблиску до Охрид. Од тоа како е поставено, до тоа како изгледаат расторанчињата – рече таа.
Според неа плажата е со камења, а морето во лето преполно со медузи. Додека пак цените на лежалките се 50 евра од човек.
Подоцна Миа нагласи дека тоа сепак е нејзино лично мислење, како таа доживува плажа и летен одмор. Па така, од она што го сподели можеби на некој ќе му се допадне, така што нејзините препораки не мора да ги следат, туку дека едноставно споделува само како таа ги доживува местата кои што ги посетува, а остава на следбениците сами да си одлучат дали ќе заминат во Сицилија на летен одмор. Миа лично од прошетката во Јужна Италија од плажите, не е фасцинирана и стои позади фактот дека Италија не е за летен одмор.
Како и да најважно е дека расположението и насмевката на лицето не беше сокриена па Миа и Тијана седнаа да помрчат за плажите на кои веројано повторно нема да им се вратат.

фото: printscreen/instgaram







