Теа Таировиќ денеска ќе го каже судбоносното „да“ на својот избраник и соработник Иван. Свадбата ќе биде во нејзиниот роден Нови Сад.
Пејачката пред три месеци одлучила каква венчаница ќе облече за нејзиниот најсреќен ден, а според упатените, фустанот кој Ким Кардашијан го носела кога се омажила за Канје Вест, многу и се допаднал.

Сепак, веќе имавме можност да видиме како изгледа Тео во венчаница.

За потребите на нејзините видеа, таа дури двапати носеше различна венчаница, секако, па јавноста имаше можност да ја види во истата.

Венчаницата, фустанот за кој сонува секоја девојка, лани беше облечен во спотот за песната со Нучи и во баладата за песната „Љубавница“.
фото:You Tube printscreen







