Кога беше мала, светот едвај чекаше да прерасне во најубавиот микс од нејзините родители – а сега дојде тој момент.
Анџелина Џоли и Бред Пит беа олицетворение на холивудската љубов – пар кој го привлекуваше вниманието каде и да се појави.
Нивната приказна започна на снимањето на филмот, а продолжи со години како бајка во реалниот живот.
Важеа за најубав пар на светот, тие го оставија светот без здив со својот изглед, стил и харизма. Многумина со нетрпение очекуваа да видат како ќе изгледаат нивните деца, убедени дека комбинацијата на нивните гени не може да донесе ништо друго освен вистинска убавина.
Денес, вниманието на јавноста се повеќе го привлекуваат нивните деца, особено Шајло (18), нивното најстаро биолошко дете.
View this post on Instagram
Секогаш скромна и воздржана, Шајло ретко се појавува во јавноста, а кога се појавува, генерално не сака внимание. Неодамна беше фотографирана како се враќа од студио за танц – облечена во патики, широки фармерки и црна качулка навлечена над нејзината глава. На грбот носеше голем ранец, кој изгледаше како секој друг тинејџер, без гламурот што ги придружува нејзините славни родители.
Фотографиите веднаш предизвикаа лавина од коментари. Некои забележаа како Шајло видно ослабе и како со годините сè повеќе наликува на нејзината мајка Анџелина Џоли – со иста должина на лицето, експресивни очи и суптилна елеганција.
Други тврдат дека е копија на Бред Пит, особено поради кратката руса коса, полни усни и препознатливиот, нежен нос.
Што мислите вие – дали повеќе ја препознавате моќната харизма на Анџелина или опуштениот шарм на Бред?
foto: printscreen/instgaram





