Радио Милева незаборав...

Лила Филиповска неутешна, преку видео од нејзина стара емисија ги врати спомените на оној кого денес веќе го нема: „До ништо не ни е Андреј…“ (ВИДЕО)

Лила Филиповска неутешна, преку видео од нејзина стара емисија ги врати спомените на оној кого денес веќе го нема: „До ништо не ни е Андреј…“ (ВИДЕО)

Деновите од трагедијата во Кочани која во црно ја зави Македонија, минуваат, ама болката останува… Тагата едлабоко вткаена во сите нас, па со она за што нема зборови на утеха се обидуваме да се соочиме, секој на свој начин. За да ни биде барем трошка полесно, иако не ни е и не може ни да ни биде.

Скршени од болка тагуваат семејствата и најблиските на оние кои засекогаш заминаа во вечноста, тагува целата нација, тагуваат и оние кои со естрадните уметници ја делеа сцената, присуството пред микрофонот и камерите, присуството во медиумите.

Лила Филиповска, блиска речиси со секого од естрадата,  блиска и со членовите на ДНК, а особено беше со Андреј. Најпознатата македонска ТВ водителка неутешна, како и многумина други секојдневно споделува по некој пост, некоја фотографија, видео… Овој пат заедничко со Андреј, од една нејзина стара утринска емисија, преку која ги врати спомените на оној кого за жал,  денес веќе го нема…

Сеќавањето на нејзиниот пријател, преку приказната за неговите утрински ритуали пред и откако стапил во брак, за првото утринско кафе и чајот кои штом ќе станел си ги подготвувал и себе си и на сопругата, за обврските околу тогаш малата ќеркичка, за убавините на секојдневието, кое за жал повеќе го нема…

Но, остануваат спомените и сеќавањата, останува песната да ни го споменува, остануваат фотографиите и видеозаписите по кои ќе го паметиме кроткиот и мирен Андреј Ѓоргиевски, душата од човек кој го положи својот, за да спаси туѓи животи во трагедијата во Кочани.

Спомените не можат да не навираат, но не можат и да ја компезираат болката, да ја надоместат ненадоместливата загуба. Најмногу за семејството и најблиските, за роднините, другарите, пријателите, колегите, фановите, публиката, естрадата… Без него, без нашиот Андрејчо повеќе ништо не е исто…!

Тоа го споделила и самата Лила во постот покрај спомен видеото во кој водителката напишала:

„Ниту можеме да не жалиме, ниту труби да викнеме. До ништо не ни е Андреј.
Како да не жалиме по едно убаво, културно насмеано дете полно со љубов за сите, љубов која несебично ја делеше каде и да одеше. И да, ветувам дека веќе нема да патетизирам … Уште ова скратено видео како уште еден доказ каков ЧОВЕК беше ти.
Пеј со ангелите, а ние ќе ги пееме твоите хитови и ќе дигнеме глава нагоре затоа што знаеме дека не чуваш од горе“!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Фото и видео: Инстаграм/lilafilipovska

To top