Видот на легендарниот музичар Елтон Џон толку многу му се влоши што не може да потпише автограм.
Видот на музичарот Елтон Џон толку многу му се влошил што сега дава автограми со едноставно пишување на првата буква од неговите иницијали Е со бакнеж, пренесуваат британските медиуми.
Според „Сан“, обожавателите на пејачот биле предупредени дека тој мора да го поедностави автограмот при потпишувањето на новиот албум.
Сер Елтон во ноември минатата година изјави дека се плаши дека поради слабиот вид нема да може да го заврши албумот „Кој верува во ангелите“, но дека албумот сепак ќе биде објавен на 4-ти април.
Пејачот го загуби видот на десното око во јули минатата година по инфекцијата што ја доби додека беше на одмор на југот на Франција, а подоцна призна дека ниту неговото лево око не е во најдобра состојба.
Во декември, Елтон откри дека не можел да ја гледа новата верзија на неговиот мјузикл „Ѓаволот носи Прада“. Тој кажа и дека не оди на многу промоции откако го изгубил видот, но дека сака да ги слуша.
фото: printscreen/instgaram/eltonjohn