Пејачката Јелена Розга првиот јавен настап го имаше на само 17 години, а потоа ја доби наградата за најдобра интерпретација на фестивалот „Звуците на Јадранот“.
Пејачката напорно работеше за да изгради одлична кариера, а како изгледала Јелена како тинејџерка покажува видеото кое сѐ уште кружи на социјалните мрежи.
Со кратка руса коса и карактеристична „паж“ фризура, таа не само што пленела со својот талент, туку и со својот впечатлив изглед.
Интересно е што дури и пред повеќе од две децении, Розга била голем фан на групата „Магазин“.
Токму затоа, на својот прв настап таа ја избрала нивната песна „Ти си жеља мог живота“.
фото: printscreen/instgaram/YouTube