Кога ќе се спомене Сузана Гавазова, прва асоцијација секогаш е добра фолк забава, а веднаш до тоа неминовно се надоврзува нејзината провокативна, атрактивна- бомбастична појава.
Ако неодамна беше критикувана за несреќниот избор на фустан кој требаше да биде вистинскиот за настап, а таа во него горда патриотка со принт од сонцето од Кутлеш, реакциите беа лоши, а таа веројатно непријатно изненадена.
Сепак, простор за корекција секогаш има, затоа што Сузе редовно и пее на дијаспората, па овој пат простор за поправен имаше пред дијаспората во Швајцарија каде направи моден преседан, сигурна дека е непогрешлив.
Публиката затечена од она што го виде од Гавазова, односно наместо нејзиниот раскошен сексапил на сцена, нашинците во Швајцарија ја видоа Сузе во ни повеќе, ни помалку, туку во македонска традиционална народна носија.
Е тука веќе простор за дискусија немаше, онаа негативната секако, туку напротив ласкава за гордата Македонка, нашата Сузана Гавазова која на поправен доби чиста десетка.
фото:Instagram printscreen/suzanagavazova