Радио Милева патриотска намера со еротски исход

Сузана Гавазова со една контроверзна фотографија предизвика „цунами“ во јавноста: Распеана без градник, со „деколте до папок“ и патриотизам во подножјето на меѓуножјето (ФОТО)

Сузана Гавазова со една контроверзна фотографија предизвика „цунами“ во јавноста: Распеана без градник, со „деколте до папок“ и патриотизам во подножјето на меѓуножјето (ФОТО)

Сузана Гавазова е кралица на македонската фолк песна. Сексапилната струмичанка не само со својот глас туку и со својот стас и „убиствен сексапил“ со години успешно го негува својот стил…  И музички и моден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suzana Gavazova (@suzanagavazova)

Секоја нова објава на социјалните мрежи од секаде каде што настапува , а и приватно престојува најдобро зборува за тоа каква темпирана „секс бомба“ е струмичката фолкерка која и покрај годините има тело по мерка, атрибури за највисока оценка и зрачи со еротски набој кој предизвикува неподнослива возбуда каде и да ја видите, во секоја пригода.

Било да е во бикини на плажа или во некој необичен аутфит на сцена, Гавазова како по правло е „ултрасекси рибетина“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suzana Gavazova (@suzanagavazova)

Арно, ама дека секое правило има свој исклучок, ( веројатно за да го потврди истото), покажа една контроверзна фотографија која осамна на социјалните мрежи. Можеби и не така нова, ама откако се појави во јавноста предизвика вистинско „цунами“… Од коментари и тоа дијаметрално различни, од најнегативни до најпозитивни. А причината повеќе „несреќна“ отколку намерна. Всушност, намерата била многу патриотска, ама реализацијата излегла некако повеќе еротска!

Имено, на споменатата фотографија Сузана Гавазова, веројатно на некоиј настап во дијаспората, распеана без градник со „деколте до папок“ и патриотизам во подножјето на меѓуножјето! Немирните бујни гради сиркаат, но фокусот е на црвеното кусо фустанче на прерамки и на него испринтано 16 кракото сонце од Кутлеш. Само што принтот испечатен малку пониско од потребното,  па сонцето наместо под градите во пределот на срцето, заради шнајдерската немарност или грешка во печатарските рутини,  на пејачката „и слегло“ меѓу бутини!

Така што, сексапилната струмичанка наместо да излезе голема македонска патриотка која со својата песна и појава пали и жари, не сакајќи испаднала предмет на разно-разни недоветни коментари!

Фото: Инстаграм и Фејсбук/Suzana Gavazova/Njuz.mk

To top