За познатата фолк пејачка Анета Љумаковска екс Мицевска некогаш позната како Анета – „Молика“, по разводот од сопсега веќе бившиот сопруг Џими Мицевски промените во секој поглед како да и станаа секојдневие.

Стави крај на бракот, почна да настапува сама, осносно со свој придружен бенд, ја смени фризурата, а и постојано тежнее кон нов тренди стилски израз кога е гардеробата и воопшто имиџот во прашање. Со еден збор откако се разведе Анета како целосно да се п ромени, па сега изгледа многу помладо за свои години.

Како што е познато пејачката ја има ќерката Моника, која живее во германија, но секоја можна прилика или таа или мајката ја користат да се видат. Така беше и неодамна кога Анета сподели заедничка фотографија со Моника која изненади многумина, зашто на истата пејачката и нејзината наследничка неодоливо си личат една на друга.

Како да се две сестри, а не мајка и ќерка. Моника толку наликува на нејзината мајка што оние кои не знаат ќе помислат дека и помлада сестра, што никако не значи дека изгледа постаро за годините,туку напротив, дека нејзината мајка Анета е навистина подмладена.

Со речиси иста нијанса на коса, заоблео лице и идентична насмевка, Анета и Моника споделуваат слична убавина во два различни лика.

Различни по години, слични по изглед, тесно крвно поврзани и исполнети со неизмерна љубов една за друга иако ги делат илјадници километри.

Можеби не постојано физички, но затоа неразделни во мислите… Анета и Моника, мајка и ќерка, толку лични и така слични една на друга.

Фото: Инстаграм/anetaljumakovska2701







