Дара Бубамара имала низа естетски операции, а за нив според гласините до денес потрошила околу 45.000 евра.
Пејачката неколку пати имала операција на градите, а неколку пати ги зголемила и усните.
Кога таа се појави на сцената во раните 1990-ти, беше русокоса девојка која пленеше со својата харизма. Тогаш беше значително послаба, а нејзините природни гради беа многу помали од оние што ги има денес и гордо ги покажува.
Бубамара пред десетина години за прв пат вгради силиконски импланти во градите, а како што самата кажа неколку пати ги менуваше. Сега е горда сопственичка на „седумка“, а честите интервенции на градите на фолкерката ја чинеа околу 15.000 евра.
-Често менувам силикони, пред се затоа што така треба. Слушам како некои колеги ме озборуваат, но можат само да плукаат под мојот прозорец. Ги следам светските трендови, има многу повеќе лажен морал, изјави претходно фолкерката за домашните медиуми.
Инаку, пејачката пред четири години ја шокираше јавноста кога медиумите објавија дека потрошила 18.000 евра за нова насмевка.
Како што тогаш се шпекулираше, Дара ги направила новите заби во Цирих, а избрала клиника во Швајцарија бидејќи имале најсовремени методи.
фото:Instagram printscreen/darabubamara_official