Инстаграм профилот на Јелена Карлеуша, кој го следеа повеќе од два милиони луѓе, е деактивиран.
Српската пејачка во последните недели се најде во центарот на вниманието поради нејзините објави на социјалните мрежи за протестите во Србија поради кои беше покрената петиција за затворање на нејзиниот Инстаграм профил.
Здружението на граѓани Еко Стража од Србија ова барање го испратило до компанијата Мета поради „говор на омраза, расизам, ксенофобија и штетно однесување“, јавуваат српските медиуми.
Досега се собрани 348 илјади потписи. „Бараме Мета да го суспендира профилот на Инстаграм на Јелена Карлеуша поради говор на омраза, расизам, ксенофобија, таргетирање поединци и генерално штетно однесување.
Ова се повеќекратно прекршување на упатствата на заедницата на Инстаграм, особено во однос на говорот на омраза, вознемирување и дезинформации“, рече претходно Еко Стража.
Имено, Јелена Карлеуша со години го градеше овој профил на кој ја следеа, а сега пејачката го загуби.
Пејачката често го користеше овој профил за да комуницира со обожавателите, да споделува ексклузивни фотографии, модни изданија и мислења за актуелните општествени прашања.
Имено, исчезна профилот кој го имала со години на кој ја следеле околу 2 милиони и 400 илјади луѓе.
фото: printscreen/instgaram/karleusastar