Радио Милева планетарно влијание

Назад во 90-ите: Адријана Кеш ја погоди Ретроградниот Меркур, па пејачката наместо на „тезга“ ја однесе на мала прошетка низ спомените (ВИДЕО)

Назад во 90-ите: Адријана Кеш ја погоди Ретроградниот Меркур, па пејачката наместо на „тезга“ ја однесе на мала прошетка низ спомените (ВИДЕО)

Адријана Ацевска  попозната како Адријана Кеш не е од оние јавни личности кои постојано бомбардираат со објави на социјалните мрежи, но кога го прави тоа е толку впечатливо, што го надополнува времето кога пејачката нема нешто ново да исфрли на музички план во етерот.

„Раатот започнува со насмевка“ – напиша Адријана покрај една од ланските фотографии направена минатата година некаде во ова време, па токму така и го започна славењето на роденденот – со широка насмевка на лицето, на кое карминот од сочните усни го развлече од „уво до уво“ додека во рацете ја држеше чинијата со слаткиот мафин на која горат свеќичките со бројката на годините од животот.

На дамите не им ги броиме родендените, само им ги славиме, ама годинава за разлика од лани, г-ци Кеш НЕ не’ потсети со свежа јавна објава дека славела! Роденденската бројка е таа, плус една од лани, ама затоа годинава има нешто друго што ја погоди македонската фолкерка… Ретроградниот Меркур „и зема мерка“, па пејачката наместо на „тезга“ ја однесе на мала прошетка низ спомените…

Назад во времето во почетокот на 90-ите кога се’ беше поинаку, а пејачката беше дете… Шестгодишно девојченце, можеби прваче кое допрва се соочува со светот, животот и неговите предизвици. Ама и со сите негови убавини, кои тогашното време знаеше да ги понуди.

Кога за домашното милениче имаше можност да се грижиш 24/7 зашто со себе можеше да си го носиш на приврзок за клучеви, кога од зимските со еден опотег правевме летни чорапи што се носат до глуждови, од видеоигрите беше задолжително да се знае онаа што е интегрирана во секој компјутер и се вика „Минско поле“, кога за Интернет конекција се чекаше „цела деценија“,  кога меморијата на мобилниот ти беше доволна едвај да собере сто телефонски броја, а џебот за мобилен на тексас ѕвонарките  беше сошиен на глуждови,  кога Нинтендото и  Тетрисот беа откритие на векот и забава за целото семејство, кога истутканата лента на касетите се моташе со молив или дрвена боичка, кога ЦД-ата ги заменија плочите, а Дискменот го наследи Вокменот, кога Покер наместо со пријателите и  шпил карти, почна да се игра сам на компјутер, кога ЦД-ата сами ги режевме дома, кога кугличката на компјутерското глувче кога ќе се извалка ја вадевме и перевме со сапуница, кога…

Впрочем, џабе муабети, кога на оние што не го доживеале тоа време, ништо не им е јасно..

Ама, затоа Адријана Кеш и децата од 90-те ова и тоа како добро ќе го разберат!  Со и без „планетарното влијание“ на Ретроградниот Меркур!

Фото: Инстаграм/adrijana_acevska

 

To top