Марина Туцаковиќ, една од најпознатите текстописци на овие простори, е родена на денешен ден во 1953 година, а доколку беше жива, денес ќе го прославеше својот 73. роденден.
За разлика од многу јавни личности кои организираат гала-прослави за своите родендени, Марина била една од оние личности кои претпочитале овој ден да го поминуваат во кругот на семејството и пријателите.
Да потсетиме, Марина Туцаковиќ почина на 19 септември 2021 година, по долгогодишна борба со ракот.
Имаше 67 години. Зад себе ги остави сопругот Александар Фута Радуловиќ и синот Милан Радуловиќ Лача, кој почина во 2022 година во Израел.
Марина Туцаковиќ ќе остане запаметена како жена која напиша огромен број хитови, а нејзиниот живот го одбележа и трагедијата со смртта на синот Милош, кој почина на 24-годишна возраст.

„Влегов во неговата соба и го затекнав она што го затекнав. Тогаш Милош имаше 24 години. Тоа се случи на први декември. Отсекогаш имав страв дека нешто ќе му се случи. Детето ќе ви замине на екскурзија, а вие се грижите дали безбедно ќе пристигне. Секогаш се плашите за луѓето што ги сакате“, раскажала Туцаковиќ во една прилика.
Таа додала:
„Интересно е што таа ноќ… Тој беше толку весел, толку многу се смеевме што навистина не можев да имам лошо претчувство. И покрај сите стравови што претходно ги имав… Токму тогаш се случи нешто што воопшто не го очекував. Не можев да претпоставам дека ќе се случи. Тој ден требаше да бидам член на жирито во една емисија. Тоа беше момент на лудило и присебност“.
Foto: printscreen/YouTube





