Мелиса Асли Памук, турската актерка, модел и победничка на мис Турција и мис на универзум во 2011 година, стана мајка за првпат.
Познатата турска актерка која најмногу ја познавате како Асу од серијата „Карасевда“, го роди своето прво дете, а среќната вест ја соопшти нејзиниот сопруг фудбалер Јусуф Јазиџи.
View this post on Instagram
Нејзиниот сопруг сподели фотографија на Инстаграм на која се гледа неговата рака и раката на неговото новороденче и напиша: „Најдобар роденденски подарок“.
Мелиса тајно се омажи за турскиот репрезентативец во мај 2024 година, а во септември откри дека го чека своето прво дете.
Стана јасно дека славната двојка се венчала откако Памук го смени презимето. Познатата актерка ги изненади сите со промената на презимето на својот официјален Инстаграм профил.
Мелиса Асли Памук ја започна својата актерска кариера на 13-годишна возраст со филм во Холандија.
фото:instagram printscreen/yusufyazici