Познатата струмичка инфлуенсерка и од неодамна сопственичка на своја модна линија која го носи името MITROFF, Љупка Митрова прејде на следно ниво, професионално, а со ниет истото да го стори и на љубовен план.
Откако во месец ноември во родната Струмица направи спектакуларно отворање на модниот салон, Љупка тргна под полна пареа да работи и да ги промовира ексклузивните модели кои може да се најдат од понудата.
Дека работно и оди се’ како што треба постојано покажува и докажува, а евидентво и транспарентно е дека и на љубовно поле и цветаат ружи откако неодамна покажа дека прослави една година од романсата со партнерот со кого беа на Малдиви и прославија една година од врската.
Да го направи својот сон јаве Љупка се труди постојатно, а сонот на многу девојки е и да облечат венчаница, да бидат во бело и да го најдат својот принц.
Љупка принцот веќе си го најде, овој пат веројатно вистинскиот, ама изборот на венчаници е голем бидејќи вo MITROFF веќе стигна и линијата невестински фустани за 2025 година.
Да ги проба и презентира прва може и газдарицата која тоа совршено знае да го донесе, особено вака кога љубовните искри многу лесно може да преминат кон следна фаза од тоа таа по вторпат да каже „да“.
Сирена крој, модел како на принцезите или нешто сосема алтернативно, на Љупка секој фустан одлично и прилега, а кога би дошол вистинскиот момент, изборот и одлука не би бил нималку лесен… А кога ќе се најде и вистинскиот фустан, тогаш магијата ќе биде целосна. Но, затоа потоа…
Засега убаво е и вака, но секогаш може и подобро, нели?
фото:Instagram printscreen/ljupka_mitrova