Радио Милева тешка борба за потомство

Потресна исповед на српската водителка: „Изгубив три сина!“ (фото)

Потресна исповед на српската водителка: „Изгубив три сина!“ (фото)

Српската водителка Сузана Манчиќ еднаш јавно проговори за својата борба со раѓањето деца и во болна исповед призна дека изгубила три бебиња.

Како што открила, лекарите трипати и кажале дека се синови.

-Јас сум силна жена и се’ што ми се случуваше го прифатив како неопходност. Упорно ја следев мојата цел еден ден да имам дете, а тоа не се случи се до моментот кога сфатив дека треба да се смирам, да направам распоред за мојот живот, да ги одложам сите мои обврски и да си легнам да ја „чувам“ бременоста. „За мене беше нешто незамисливо, јас, која отсекогаш бев здрава млада жена, без никаков проблем, да го изгубам своето бебе првиот пат, потоа вториот, а потоа и третиот пат“, рече Сузана и додаде:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suzana Mancic (@suzanamancicofficial)

– Мислев дека ќе умрам. Последното бебе го изгубив во шестиот месец од бременоста. Тогаш всушност се породив, иако докторот ми рече веднаш по породувањето: „Не се надевај“. Детето не преживеало, белите дробови не му биле доволно развиени. Најстрашно беше кога ми ја донесоа умреницата да потпишам. „Тоа беше сурово“, рече таа, додавајќи:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suzana Mancic (@suzanamancicofficial)

– Тоа беше вистинска прошетка на маки. Но, факт е дека жената е создадена да биде силна, да раѓа и да губи. Имам изградено таква филозофија во себе и сум се водела по неа, кажа Сузана своевремето.

Сепак, Бог сакал Сузана да биде мајка. Таа во бракот со Небојша Куниќ доби две ќерки, Теодора и Наталија.

фото:Instagram printscreen/suzanamancicofficial

To top