Игор Џамбазов реши да го одврзе кесето и да ја стави раката подлабоко, но со една голема желба и поглед кон убавината на животот воден од сопствените потреби.
Чекорот крупен, а работата нималку лесна особено кога нештата се во рацете на мајсторите. Велат дека домот е таму каде што ти е срцето, а на Џамбазов и повеќе од познато дека тоа место е Дојран.
View this post on Instagram
За да си биде под свое, на ново и направено со мерак и по свој вкус, нашиот шоумен реши да се здоми и да стане газда, дојранец.
Игор гради куќа со поглед на езеро, темелите веќе извесно време се поставени, работата е стигната до плоча, а како што самиот покажа на Инстаграм, работата е во тек.
„Работа во тек“, напишал Игор, а на сликата се гледа дека погледот е рај за душа.
„Дојранско утро. Облаците ја замотале Беласица околу себе како новогодишен подарок.А езерото “типсии”… Ми треба твоето сонце, твојот воздух, твоите луѓе, твојот дух. И мир.“ – гласат само дел од објавите како тој милува и се инспирира да го опише Дојран.
View this post on Instagram
Му посакуваме со лесно да му тече работата со мајсторите и според зацртеното да си го пречекори новиот праг и новите почетоци под свој кров- дојрански.
фото:Instagram printscreen/ igordzambazov