Пејачката Ана Николиќ важеше за вистинска секс бомба од моментот кога се појави на музичката сцена, па се до моментот кога драстично се здебели.
Сепак, Николиќ после неколку месеци следење на специјална диета успеа да ослабне дури педесет килограми.
Таа јавно го сподели своето мени, како и разни трикови кои ги користела за време на процесот на слабеење.
Како што рекла, денот го започнувала со две чаши вода на празен стомак, а понекогаш додавала и малку лимон.
-Потоа доаѓа мојот појадок, често тоа е пржено јајце со домати или некој друг зеленчук. Понекогаш можеби само свежа салата или житарки. За ручек јадам бело месо или риба со варен зеленчук. Ги исклучив јаглехидратите (белото брашно), се задржав на внесот на калории од 1000 kcal до 1200 kcal – објасни Ана Николиќ.
Покрај тоа, пејачката целосно се откажала од слатките, а кога, како и многу луѓе, огладнувала доцна во ноќта, јадела моркови, краставици или зелена салата.
Појадок: 2 јајца со домати, јогурт со снегулки и едно овошје, јаболко и грст ореви или овошје со јогурт.
Ручек: Супа од брокула, печени пиперки со ориз, лосос и спанаќ, печурки со кромид и бело месо, зелена салата со туна или риба со зелка.
Вечера: Јогурт или овошје.
фото:Instagram printscreen/ ananikolicofficial