Радио Милева за потсетување или најава?

Денови без заборав: Водителката Александра бремена (фото)

Денови без заборав: Водителката Александра бремена (фото)

Во месец јануари 2021 година , водителката Александра Пановска Илиевска на свет ја донесе ќеркичката Сара.

За само два дена, односно на 23-ти месецов, малата наследничка ќе полни четири години и ќе се слави нејзиниот посебен, најрадосен ден.

Токму на ова време пред четири зими кога беше бремена и ја носеше во себе својата наследничка, познатата водителка, се присети преку една досега невидена фотографија која ја објави на социјалните мрежи, а истата е направена дома додека таа е по пижами со нараснатиот труднички стомак.

Имено, како и повеќето познати, така и Александра го прифати предизвикот за ваква фотографија од себе, со што и таа ги предизвика останатите мамички да го сторат истото.

„Тоа што сум бремена значи дека секој ден сум за еден ден поблиску до средбата со другата љубов на мојот живот“, напиша тогаш пред Сара да го смени нејзиниот живот од корен.

Оваа ретро фотографија каде таа е во блажена состојба поттикна коментари за на Александра да и посакаат многу здравје за уште едаш да ги искуси трудничките денови.

фото:Instagram printscreen/ aleksandra_panovska_ilievska

To top