Радио Милева ја откри вистината

Кеба откри што мисли за новата снаа: Неговиот син тајно се ожени со 15 години помладата жена (фото)

Кеба откри што мисли за новата снаа: Неговиот син тајно се ожени со 15 години помладата жена (фото)

Синот на српскиот фолкер Драган Којиќ Кеба, Игор Којиќ на почетокот на годината тајно склучи граѓански брак со Софија Дачиќ.

Софија, која е 15 години помлада од Игор, живеела на Звездара и е многу активна на социјалната мрежа ТикТок.

Игор Којиќ постојано демантираше дека има нова девојка и покрај тоа што татко му во една прилика ја откри вистината, а Кеба сега повторно проговори и призна како сега гледа на нивниот однос.

„Што да кажам? Нека им е со среќа. И двајцата знаат што прават, а јас само им ја посакувам целата среќа“, изјавил Кеба накратко за српските медиуми.

Игор и Софија склучија граѓански брак во зградата на општината во Нов Белград, а според српските медиуми, тие наскоро ќе ја заветат својата вечна љубов пред Бог, но овој пат тоа не го направија бидејќи беше божиќниот пост, кога свадби во православна црквите не се дозволени.

Свадбата се одржа на 3 јануари 2025 година во Нов Белград.

 

фото:  printcsreen/instagram/ sofijakosofija /dragankojickeba

To top