Радио Милева убави моменти

Победничка на „Ѕвездите на Гранд“, струмичанката Славица Ангелова ретко споделува приватни моменти, но сега имаше убав повод за славење (фото)

Победничка на „Ѕвездите на Гранд“, струмичанката Славица Ангелова ретко споделува приватни моменти, но сега имаше убав повод за славење (фото)

Победничката на „Ѕвездите на Гранд“ Славица Ангелова на само 21 година триумфираше во најгледаното натпреварување во регионот, а денеска го слави својот 23 роденден.

По тој повод на нејзиниот Инстаграм профил се редеа  честитките и убавите желби, а меѓу првите кои и го честитаа  прекрасниот ден била нејзината мајка која е најгорда на успехот на својата ќерка.

На овој посебен ден нема да има луда забава, а Славица откри за  „Гранд“ како ќе го прослави својот 23 роденден.

– Ќе славам со семејството и секако со моите драги луѓе кои се секогаш тука за мене. Нема да биде голема забава, но ќе биде прослава во мојот семеен дом. Ќе се забавуваме секако – открила пејачката.

Да потсетиме, Славица Ангелова пред две години триумфираше во „Ѕвездите на Гранд“, а беше дел од тимот на Ѓорѓе Давид.

фото: printscreen/instagram

To top