Со години се зборува и пишува за конфликтот меѓу Весна Змијанац и Лепа Брена, односно за ривалството меѓу пејачките, а сега за тоа говореше и самата Весна како гостинка во Амиџи шоу.
Огњен Амиџиќ и го прочита прашањето на пејачката на кое таа без проблем одговори.
„Со оглед на ривалството, на твоето и на Брена, кажи ни кој од вас две беше подобра пејачка кога бевте млади, а која позгодна?“
„И двете изгледавме добро, можеби јас бев подобар пејач. Бевме активни, се храневме здраво“ – рече Весна. Таа призна дека најмногу пеела балади и тажни песни иако сите лудувале по неа и нејзината енергија.
„Пропаст! Јас навистина не бев толку многу тажна. Не знам од каде тие песни, но јас ги избрав. Многу е опасно, те обележуваат. Од 50 – 100 песни што ги добивав требаше да си го најдам патот и да изберам добра. Знаев добро да проценам, можеби нешто скриено демнеше во мене, некоја тага… Па испаднаа „Кралица на тагата“, „Сватови“, „Тагата ме убива поради тебе“… – рече Весна и додаде:
„Можеби и јас копнеев по песни како „Чачак“ или „Ситније Циле ситније“, но еве… сто пати реков: „Блазеси и на Брена, таа има среќен живот. Сите тогаш пееја и играа, сите весели песни, јас не успеав да испеам… Никој после мене не ги пееше тие мои песни, ниту може. Ниту на овие на натпревариве за таленти, ниту некој пак може да ги пее или умее, јас го избрав најтешкаото…“ – се пожали Змијанац.
Фото: Инстаграм/vesna_zmijanac_official/lepabrenaa/ AmiG Show-принтскрин