Радио Милева прекршок

Слобо Радановиќ запрен од полицијата во Белград додека дивеел со џип – еве каква казна го чека (фото)

Слобо Радановиќ запрен од полицијата во Белград додека дивеел со џип –  еве каква казна го чека (фото)

Пејачот Слоба Радановиќ  на моторниот пат низ Белград бил сопрен од припадници на Управата на сообраќајната полиција. Тој бил запрен бидејќи со својот џип БМВ направил тежок прекршок, пренесува Информер.

Според информациите, радарот од пресретнувачот на Управата на сообраќајната полиција го забележал Слобо Радановиќ како вози повеќе од 150 километри на час, а дозволената брзина на тој дел од мотоциклистичкиот пат е 100 километри на час.

– Според утврдената процедура, во таа прилика на познатиот пејач му било извршено алкотестирање, арезултатот  покажал дека Радановиќ немал алкохол во организмот – вели добро информиран извор.

Казната за овој прекршок изнесува 10.000 – 20.000 динари, три казнени бода и забрана за управување со моторно возило најмалку 30 дена.

Радановиќ се огласи и го потврди ова сознание.

-Тоа се случи на автопатот пред аеродромот. Брзав да се качам во авион, се случува, луѓе сме – изјави Слоба.

фото: printscreen/instgaram

 

To top