Ако изминатата година се радуваше со приновата од синчето Стефан и дочека една посебна семејна празничко новогодишно-божиќна година, оваа претстојна 2025 не е ништо поразлична за пејачот Даниел Кајмакоски.
Годинава под елката има уште еден благослов даден од Бога, а тоа е ќеркичката Емилија која се роди пред шест недели, а семејството Кајмакоски станаа побогати за уште еден член.
Хармонијата никогаш поубава, љубов до плафон, но и предизвици со две мали дечиња кои како што вели пејачот го однесоа во една нова и најубава животна авантура која штотуку започна.
Дека блеска од убавина Даниел покажа со една фотографија од ќерката која топи со својата насмевка, а во позадина се гледа накитената елка.
Стрефан, Емилија, сопругата Марина, а повремено и баба од Австрија на помош, новогодишната идила неможе да биде поблескава.
фото:instagram printscreen/daniel_kajmakoski and marina_kajmakoska