За Лила Филиповска веќе и пилињата на гранка знаат дека ако може постојано да патува, таа тоа би го правела, а богами и го прави.
Покрај она што го работи и како влијателна инфлуенсерка, Лила редовно е на различна дестинација, ама Дубаи секогаш и е број еден колку пати и да била досега.
Светлата, амбицијата и бесконечните можности, секогаш предничат, а таа нашата Лила со полно срце ги користи и ужива.
Па така, неодамна повторнно беше во топлиот Дубаи од каде задолжитолно преку Инстаграм ни долови се’ што виде и доживеа, а следно дојде ред да си се врати каде ако не дома.
А таму, пречекот се знае од кого беше – нејзините омилени, мачорите Рагнар и Мајло.
Работа дома секогаш има, прво распакување куфери, а следно она што не и беше ниту почнато – празничната декорација. Секоја година Лила не пропушта да ни покаже колку се потрудила тоа да изгледа совршено за нејзин вкус.
Елката не смееше да чека, а резултатот едноставно магичен и за чиста 10-ка! Останува само едно прашање. Колку време ќе ја остават вака крзнените пријатели и ќе и се фрлат на преуредување?!
фото:instagram printscreen/lilafilipovska