Дарко Лазиќ ќе мора повторно да посети хирург за да реши повеќегодишен проблем.
Дарко Лазиќ кој еднаш имаше операција за намалување на желудникот благодарение на која успеа драстично да ослабе, а сега откри дека повторно се бори со вишок килограми.
Дарко Лазиќ гостувајќи кај Огњен Амиџиќ во емисија одговараше на прашања од Инстаграм и откри дали планира друга процедура.
– Дали навистина повторно ќе одиш на операција на желудникот? – беше прашањето.
– Зошто би го направил тоа? Накачив килограми. Требаше да ми го оперираат црниот дроб, а не желудникот. Го згрешија органот. Се здебелив затоа што пиев малку повеќе, но сега го исклучив алкохолот, па сето тоа полека ми излегува. Немам проблем со храната, доволно јадам, почнав да тренирам. Верувам дека до лето ќе биде одлично – рече Дарко и откри дека сепак сака да оди „под нож“:
– Сакам да одам на операција на носот. Сакам да оперирам девијација и крајници. Тоа сакам.
View this post on Instagram
фото: printscreen/instgaram/amigshow