Жељко Јоксимовиќ синоќа приреди прослава по повод 20 години од постоењето нанеговата продукција и по тој повод собра голем број колеги и пријатели.
Меѓу првите пристигна неговата ќерка од првиот брак Мина Јоксимовиќ, која на прославата на нејзиниот татко се појави во елегантен црн фустан, а потоа гордо позираше со својот татко.
Интересно е што продуцентската куќа на Жељко го носи нејзиното име, а пејачот потоа доби уште три деца во бракот со водителката Јована Јоксимовиќ.
Да потсетиме дека Мина неодамна проговори за растењето покрај нејзиниот славен татко.
„Пораснав како и сите други деца. Иако бев свесна за популарноста и големиот успех на татко ми, никогаш не се сметав себеси за посебна или различна поради тоа. Тато секогаш беше тука за мене во текот на моето воспитување и се трудеше да ме води на вистински начин, како во животот, така и во бизнисот“, изјави Мина за Net.hr.
фото: printscreen/instgaram/minajokssimovic