Радио Милева вообичаена пракса

Тој гордо се пофали: Пред концертот во Скопје Северина има време само за него (фото)

Тој гордо се пофали: Пред концертот во Скопје Северина има време само за него (фото)

Северина, концерт во Македонија, број- кој знае кој?! Можеби не се случува секоја година, но познатата хрватска пејачка Северина сака да пее во Македонија, а македонската публика пак, ја сака уште повеќе.

Па така, изминатата сабота салата „Борис Трајковски“ во Скопје беше исполнета до последно место, а на социјалните мрежи „вриеше“ стори објави од кои перцепцијата беше како да нема кој не бил да ја гледа и слуша Северина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Пред големиот концерт Северина пристигна порано, и како и секогаш најде време за прошетка низ Скопје, објави и фотографија од плоштадот, за да се знае дека повторно била кај Македонците.

Следно на агенда беше разубавувањето, стилизирањето кое секогаш години наназад му е препуштено нему- познатиот македонски стилист Александар Дадар.

Како и секогаш, така и овој пат Северина не преферира да прави замени кога е во прашање нејзиното стилизирање.

Откако ја нашминка, пејачката позираше пред неговиот фотообјектив, нормално презадоволна од шминката, а потоа направија и една заедничка и ја објавија на социјалните мрежи.

Голем број регионални ѕвезди кога доаѓаат за настапи во Македонија, безрезервно му ја препуштаат довербата на талентираните раце на нашиот најпознат стилист Дадар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

А дека со Севе имаат беспрекорен пријателски и професионален однос, покажува нивната долгогодишна соработка за која тој мораше да нагласи вака:

-Ти благодарм за довербата која секогаш ми ја укажувап, драга моја Северина!- пишува Дадар.

фото: Instagram printscreen/ severina/ dadar.alex

To top