Пејачот Аца Лукас откри непознати детали за односот со колешката Јелена Карлеуша.
Најпрвин Лукас откри дека ЈК е жената со која имал неколку жестоки расправии.
– Јелена ми е пријателка долги години, таа е жена со која неколкупати се скарав. Пред се’, таа е добра личност – изјави Лукас, а потоа додаде:
– Кога ти е најтешко, таа прва ќе помогне и ќе биде таму, ако треба и да плаче со тебе. Бев сведок дека, кога се разведував од Соња, таа плачеше повеќе од мене или мојата поранешна сопруга – призна пејачот и на шега откри дека Карлеуша има проблем.
– Има еден проблем, многу е интелигентна и паметна, но понекогаш јазикот и е побрз од умот – призна Аца Лукас во неодамнешното гостување во подкастот на Лазаров.
фото:You Tube printscreen/ Maki Mouse/Instagram printscreen/lazarovpotcast