Радио Милева трогателно

„Плачев кога ја слушнав“: Пејачката му посвети нова песна на таткото без кој порасна  (видео)

„Плачев кога ја слушнав“: Пејачката му посвети нова песна на таткото без кој порасна  (видео)

Зорана снимила песна во која многу се пронашла, бидејќи ја потсетува на нејзината животна приказна и периодот на растење во домот.

Кога велиме Зорана Симеуновиќ, првата асоцијација со неа се одличниот вокал и квалитетната народна музика.

Пејачката која вредно ја гради својата кариера во поп музиката, ја воодушеви публиката со својата нова трогателна песна „101“, за која сними не помалку туку емотивен спот.

„Мелодијата и текстот ги напиша мојот сопруг Стево Симеуновиќ, кој знае каков живот имав. Знае дека сум пораснала без татко и колку копнеев по него, затоа сакаше да снимам ваква песна во која се зборува за татко кој ја остава мајка си со две деца, а ќерката се надева дека повторно ќе го сретне . Плачев кога првпат го слушнав, а во студио кога го пеев. Песната е за сите оние кои пораснале без родители, но и за сите што сакаат да слушаат вистинска, искрена емоција“, изјави Зорана за новата песна.

Потсетуваме, Зорана неодамна во една емисија ги откри деталите од растењето. Кога имала само 10 години, дознала дека нејзиниот очув не и е татко.

фото: printscreen/instgaram

Можеби ќе ви се допадне

To top