Живот и стил

Пица со компири: Италијански специјалитет совршен за секој дел од денот

Пица со компири: Италијански специјалитет совршен за секој дел од денот

Ви треба:

2 компири
100 гр сирење
1 прстофат сол
сол, бибер
1 лажица доматна паста
1 грст свеж бебешки спанаќ
2-3 чери домати
50 гр рендана моцарела

Подготовка:

Изрендајте ги компирите, а потоа добро исцедете ги преку газа за да се отстрани течноста.

Во сад ставете ги ренданите компири, посолете и побиберете.

Потоа ставете хартија за печење во плехот за печење, а потоа со шпатула измазнете ја смесата од основата за пица на плехот.

Печете 25 минути на 190 степени. На крајот врз тестото ставете ги доматите, додадете ги останатите состојки и печете ја пицата со компири уште пет минути.

Добар апетит!

Извор: Курир

To top