Радио Милева

Јаде калорична храна, но сепак е фит: Снеки Бабиќ ја откри тајната на витката линија (фото)

Јаде калорична храна, но сепак е фит: Снеки Бабиќ ја откри тајната на витката линија (фото)

Пејачката Снежана Бабиќ Снеки  со години важи за една од најубавите пејачки на  естрадата.

Додека многу нејзини колешки мака мачат со разни диети за да изгледаат совршено, Снеки тврди дека јаде многу калорична храна, но сепак е фит.

– Морам да кажам дека не ме оптоварува мојот изглед, иако луѓето мислат дека сум оптоварена и дека му придавам преголема важност. Живеам нормално. Девојките во шминкерница ме прашаа: „Што јадеш што те прави да изгледаш така?“ Им велам, јадам сланина, јадам чварки, имам вистинска домашна маст, јадам јајца. Домашниот подварак е мој специјалитет. Оттаму доаѓа добрата линија – изјави неодамна Снеки за „Република“.

Инаку, Снеки е горда сопственичка на најдолгите нозе во забавната музика, а оваа титула ја носи со години. Таа наскоро ќе наполни 57 години, но сепак има тело на кое би и позавиделе многу нејзини помлади колешки.

фото: printscreen/instgaram/snezanababicsneki

To top