Лице в лице

Мартија Станојковиќ повторно седна на „Жешко столче“: „Мојата совест е чиста, во секој однос сум била фер“ (ВИДЕО)

Мартија Станојковиќ повторно седна на „Жешко столче“:  „Мојата совест е чиста, во секој однос сум била фер“ (ВИДЕО)

Оние кои ги следат и подобро познаваат естрадните збиднувања на домашната естрада, па и голем дел од следбениците на социјалните мрежи, особено младите,  знаат дека Мартија Станојковиќ е  една од најталентираните и најпопуларни пејачки од помладата генерација. Особено рејтингот и се покачи оваа година, откако почна да настапува во живо, а популарноста нагло и порасна по двете одлични песни и помалку скокотливите видеа за нив… Најпрвин  со „Анатомија“ ја разбранува јавноста, за  потоа со „Феномен“ да потврди дека нејзиниот момент е дојден. Или поточно, нејзиното време започнува, во кое таа од пејачка која треба да се докажува,  прерасна во вистинска млада поп ѕвезда која допрва долго ќе блеска!

Мартија деновиве повторно  беше гостинка во Јутјуб емисијата „Жешко столче“ на водителот  Никола Трпковски кој ѝ постави низа прашања.

На оние – конвенционалните, како и на оние –  помалку или повеќе скокотливите, Мартија одговараше сигурнио и спокојно, без да се потресе или возбуди.

За новите песни и кариерата, за изборот и односот со блиските пријатели, за воодушевувањата и разочарувањата од околината, за односот со „бившата“ пријателка – колешката Антониа Гиговска со која не е веќе така блиска и „вербалните искрички“  и недоразбирања меѓу нив, за љубовта и врската која речиси две години успешно ја крие од јавноста, за тоа каков партнер за сопруг посакува, за маните и предноста на тврдоглавоста и грешките со кои (не)може да се носи, за учеството во најновиот проект надвор од Македонија, за тоа дали на своите социјални профили ги брише или не коментарите, од кои дел и самата ќе ги прокоментира во 20 и кусур  изминати минути на „Жешкото столче“, кое можете да го проследите во видеото во продолжение.

To top