Модната дизајнерка и сопруга на тенисерот Јанко Типсаревиќ, Билјана Типсаревиќ (41) е позната по својот талент и убавина.
Со оглед на тоа што деновиве температурите кај нас се малку пониски, згодната дизајнерка реши да замине на една од тропските дестинации, а овој пат ги одбра Малдивите.
Нејзините неодамнешни објави докажаа дека не се работи само за уживање.
Имено, Билјана промовираше еден од нејзините фустани, во кој позираше на брегот. Фустанот беше во популарната циклама боја, допираше до зглобовите и строго ја следеше линијата на телото, додека во горниот дел имаше длабоко деколте и беше врзан околу вратот.
Рамената се целосно отворени, а ракавите се крајно нетипични и делуваат како додаток, а не како дел од самата креација. Својот стајлинг Билјана го заокружи со необични шарени сандали и златни обетки, а во идентична нијанса на фустанот а направи и маникир и педикир.
Дека тоа што е добро не треба да се менува, Типсаревиќ одамна го применува во пракса. Таа остана доследна на својата долга руса коса, исончаниот тен и извајана фигура, а тоа беше особено видливо овој пат. Косата ја врза во опавче, а изборот на шминка беше во вид на придушени земјени тонови кои одлично и прилегаа.
фото: printscreen/instagtram