Радио Милева секој со својата граница

„На апчиња сум“: Сергеј Ќетковиќ за менталното здравје и се’ она што може да го исфрли од колосек (фото)

„На апчиња сум“: Сергеј Ќетковиќ за менталното здравје и се’ она што може да го исфрли од колосек (фото)

Пејачот Сергеј Ќетковиќ се појави на настан во Белград, прилика да се сретне со седмата сила.

Имено, Сергеј искрено зборуваше за успесите кои ги постигна годинава, а многумина ги интересираше како е секогаш толку смирен и присебен, како и дали има нешто што може да го изнервира.

– Јас сум на апчиња – рече Сергеј со насмевка и додаде:

– Се шегувам, ние не сме роботи, ние сме луѓе. Се трудам да бидам смирен и присебен, но има многу работи кои можат да ме исфрлат од колосек. Човечка грубост, невнимание, некултура… – изјави Сергеј.

Сергеј искрено зборуваше за тоа дека до сега немал потреба да оди кај психотерапевт, како што вели, секогаш имал добри пријатели кои секогаш со задоволство го слушале.

фото:instagram printscreen/cetkovics

To top