Македонскиот пејач и ријалити учесник Адам Лабунски со неговата пертнерка Јелена се остварија во улогата на родители и го добија своето прво дете.
Адам Лабунски стана татко на мало девојче и среќната вест ја сподели со своите следбеници на Инстаграм.
На неговиот профил на кратката инстаграм приказна осамнаа првите честитки кои пејачот ги доби и ги репостираше .
„Добредојде, принцезо“ – пишуваше на објавата означена од еден од неговите пријатели.
На почетокот на јули тој и Јелена преку специјално направено видео го открија полот на бебето, а денес се роди мало девојче на кое му го дадоа името Хана.
Очекувано, честитките од нивните пријатели на мрежите се редеа, а нема сомнеж дека прославата со најблиските ќе трае до доцните часови.