Покрај тоа што работи како професор по музичка уметност во скопската гимназија “Јосип Броз Тито” и истакнува дека работата со средношколци го исполнува, Јоце паралелно работи и на својата музичка кариера.
Деновиве е во студио, каде подготвува две нови песни, на македонски и српски јазик. Станува збор за две сосема различни мелодии. “Во туѓина” беше премиерно изведена на неколку настапи, после кои реакциите се воодушевувачки. Од ПР Тимот на Панов низ шега велат дека периодов највеќе се посветени на одговори на публиката која со нетрпение прашува кога оваа песна ќе ја види светлината на денот.
Ексклузивно ни откриваат дека се подготвува голем проект, кој ќе се реализира на почетокот на следната година, со кој Панов ќе ја изненади својата публика. После повеќе од 50 објавени песни, многу освоени меѓународни награди и признанија и повеќе од две децении кариера ова ќе биде големо изненадување за публиката која секој викенд ги полни клубовите низ земјата, Балканот и дијаспората.
Ексклузивно деталите за проектот ќе ги имаме наскоро, а Панов со голем ентузијазам и полна пареа работи на подготовките за овој проект.