ТВ водителката Снеже Велков во емисијата „Нешто конкретно“ кој ја води, редовно има интересни теми и провокативни прашања за гостите.
Во едно од најновите изданија на гости и беше македонскиот бодибилдер, Тоше Зафиров.
„Нешто конкретно“ се разбира се темели на неочекуваните одговори од гостите на Снеже, па така беше и овој пат во случајот со Тоше откако таа ги започна прашањата, а тој одговори нешто со што им го привлече вниманието на сите.
Дали се плашите од нападни жени? – Беше прашањето кое Снеже им го постави на сите гости.
Сепак тешко беше да се претпостави дека позитивниот одговор ќе даде токму Зафиров.
„Кога пријавив во полиција насилство од жена врз мене полицајците мислеа дека се шегувам со нив или дека е скриена камера“, откри Зафиров во емисијата.
Подоцна раскажа дека жената го следела и психички го малтретирала – се изјасни бодибилдерот.
View this post on Instagram
Тоше откри дека имал и вакво искуство за кое ниту во полиција од прва не му поверувале.
фото: printscreen/Instagram/