Живот и стил

Компот од круша: Вкус кој раскажува приказна

Компот од круша: Вкус кој раскажува приказна

Неодоливиот есенски компот ќе ги воодушеви и најпребирливите.

Состојки:

2 кг круши
500 гр шеќер
1,5 литри вода
2 кесички ванилин шеќер
сок од лимон

Подготовка:

Од крушите излупете ја кората, па исчистете ги и исечете ги на четвртинки. Во литар и пол вода додадете ги шеќерите, па добро измешајте. Истурете го сокот од лимон, па варете додека не зоврие.

Потоа додадете ги крушите и варете околу 10 минути. Сварените круши префрлете ги во чисти тегли, па оставете го сирупот да се излади.

Потоа прелијте ги крушите и цврсто затворете ги теглите. Теглите наредете ги во длабока тава со вода и чувајте ги околу 10 минути на температура од 80 степени. На крај оставете ги теглите да се изладат.

Уживајте во домашен компот. Пријатно!

Фото: FreePick

To top