Гитаристот Мартин Филиповски неодамна го објави раѓањето на неговата прва ќеркичка која го доби името Лиана.
Сега тој на својот Инстаграм профил на кратката приказна сподели фотографија со која ги воодушеви сите, но и ги потсети на една песна од пред 30 години.
Имено, мелодијата која ја додаде во позадина е една од најубавите детски песнички кај нас – „Во светот на бајките“, со која музичарот веројатно ја забавува неговата наследничка.
Тој на социјалната мрежа овој пат го фотографирал само нејзиното раче и покажа како уживаат во топлината на семејниот дом.
Мартин и неговата сопруга Андреа живеат среќни денови, а радоста сакаат да ја споделат и со јавноста.
Па не требаше да помине многу време за гордиот тато да сподели емотивен момент со Лиана, додуша само рачето, но доволно за бебето да им остави уште еден впечаток на следбениците, зашто Мартин бебето јавно веќе го покажа уште во породилиштето, веднаш по раѓањето .
фото: printskrin/instagram/martin_filipovski