Радио Милева од првиот момент

„Секој брак носи одредени проблеми…“ Ана Радуловиќ се отвори за разводот со Мирче (фото) 

„Секој брак носи одредени проблеми…“ Ана Радуловиќ се отвори за разводот со Мирче (фото) 

Водителката на „Елита“ Ана Радуловиќ пред нешто повеќе од еден месец ја извести јавноста дека се разведува од сопругот, пејачот Мирче Радуловиќ, а сега повторно проговори за причините за нивната разделба.

Како што објаснија Ана и Мирче во заедничката изјава, третото лице не било причина за нивната разделба, а водителката повторно проговори за причините за разделбата со пејачот кога гостуваше во емисијата „РедАкција“.

– Не, немаше трето лице. Веднаш се оградивме од тоа, за да не се шпекулира со нешто и друго. Кога нормалните луѓе ќе дојдат до заедничко решение и заедничка одлука, нема простор за тие работи – повтори водителката, а потоа ја појасни својата изјава од емисијата „Амиџи шоу“, која многумина погрешно ја протолкуваа.

– Ги видов насловите во медиумите погрешно се изразив. Сакав да кажам дека во секој брак од самиот почеток има некои проблеми кои дотогаш ги немавме со оглед на тоа што дотогаш не бевме во брак. Таа прва година од бракот, сите велат дека е година на искушенија… Не мислам на трето лице, но генерално животот е посериозен, поинаков. Верувам дека секој брак има одредени проблеми – рече Ана и додаде:

– Лошо се изразив, луѓето мислеа дека сум имала проблеми од првиот момент. Па, немаше да бидам во брак десет години ако беше така, Господ да чува – заклучи водителката.

фото: printscreen/ana.radulovic

To top