Марија Луиса Тодоровска покрај пеењето откри уште една своја дарба или вештина – глумата! Академија нема ниту за едното ниту за дргото, ама школата на животот очигледно ја докторирала, па оттаму сите свои искутва знае како да ги примени во различни ситуација и претвори во своја полза.
И кога е расположена и кога е тажна, не знаеш дали таа насмевка или солза е лажна… Току е уверлива што за ммиг или те расположува или депримира. Или заедно со неа се смееш или ја жалиш, додека таа диригира со своите, ама и твоите емоции и расположение играјќи ја улогата која во моментот и е потребна или ја глуми само онака, чисто заради забава!
Со најновата објава на Инстаграм и ТикТок, Марија Луиса предизвика вистински шок… Ама и ја потврди тезата дека е родена глумица! Замислена и тажна, додека ја пее познатата срцепарателна песна „Прости мајко“ од фолк ѕвездата Весна Змијанац, од окото и капнува солза. Марија потиштена и разочарана, на лицето и се гледа сета тага и несреќа.
Чиниш го доживеала најголемиот емотивен бродолом… Љубовен Титаник на нејзиниот лик.
Арно ама текстот под видеоклипот најдобро ја појаснува измамата… или поточно глумата.
„Тој ми вели: Гледај ме в очи ако не ме лажеш… Другарче, би излажала да сум и на електрична, а не пак твоите очи… Собери се“ – споделила пејачката пред да ја обелодени измамата, односно глумата, во која совршено ја одиграла улогата.
Крајот делото го краси, ама и разоткрива вистината, во која Марија Луиса подзината, со исплазен јазик открива колку уверливо умее да глуми и дека само се шегува. Кој загризал-загризал, паднал на јадец и женска солза, која пејачката кога ќе посака може да ја пушти.
Како потврда дека Марија Луиса умее така уверливо и слатко да лаже, просто да ти е жал да ја прекинеш! А еве и зошто…
Фото и видео: Инстаграм/luisa.todorovska