Радио Милева со добра мисла

По тешката операција на бубрези се огласи сопругот на пејачката Александра Бурсаќ: „Чекаме, се надеваме на најдобро“ (фото)

По тешката операција на бубрези се огласи сопругот на пејачката Александра Бурсаќ: „Чекаме, се надеваме на најдобро“ (фото)

Александра Бурсаќ боледува од хидронефроза на бубрегот, поради што вчера беше оперирана.

Нејзиниот сопруг Стефан Секулиќ проговори и откри како поминала интервенцијата.

– Го користиме секој момент да се слушнеме. Таа е во суштина добро, со исклучок на некои нормални постоперативни поплаки. Таа е прилично исцрпена, па најчесто спие нон-стоп, но повторно повторувам, важно е се’ да е готово – рекол Стефан, па додал:

 

– Би рекол дека најмногу значи поддршката од мојата партнерка бидејќи знам колку ми значеше што таа беше покрај мене кога ме оперираа на почетокот на годината. Мене најтешкиот момент ми беше кога ја оставив во болница, без разлика што знаев дека е за нејзино добро, некако тие збогувања пред болници се најтешки за сите, па и за мене.

Тој вели дека се уште не знае кога Александра ќе ја напушти болницата.

– Штом лекарите дадат зелено светло. Таа штотуку беше оперирана и ние воопшто не ги притискаме да ја пуштат додека не се уверат дека се е во ред. Планираме секакви работи, засега нема многу, но двајцата подготвуваме нови песни, настапуваме, а по празниците планираме и меден месец. Во секој случај, за се’ ќе бидете известени како и секогаш – изјави за Блиц.

фото:Instagram printscreen/bursacaleksandra_official

To top