Пејачот Маринко Роквиќ почина на 6 ноември 2021 година, по битка со тешка болест.
Неутешното семејство се труди да го зачува споменот на легендарниот пејач Маринко Роквиќ кој зад себе остави бројни хитови. Освен песните, зад себе остави три сина, внуци и сопругата Славица.
Да потсетиме, Маринко Роквиќ почина на 68-годишна возраст поради последиците од ракот на панкреасот.
Според информациите, сопругата Славица била со него до последен момент.
Со Роквиќ до самиот крај беше неговата сопруга Славица. Таа се грижела за Маринко во нивниот семеен дом во Кошутњак, каде што тој починал. Не сакал да биде однесен во болница. Свесен дека е тешко болен и дека му се ближи крајот, изразил желба да умре дома, што неговите роднини го почитувале.
Според изворот, Славица била постојано со сопругот додека не починал, а бидејќи по професија е здравствен работник, Маринко ја имал најдобрата грижа во најтешките моменти.
Да потсетиме, пејачот во ноември 2020 година итно беше опериран, како што тогаш се најавуваше, поради циста на стомакот. Сепак, уште тогаш беше откриено дека тој боледува од рак на панкреасот и дека прогнозата за закрепнување е лоша.
фото:Instagram printscreen/rokvic.slavica