Радио Милева копање по минатото

Антониа за „Бекстејџ“ проговори за периодот кога раскина со Иван, а набрзо потоа откри дека ќе стане мајка: „Моите родители се изнаслушаа многу гадости“ (видео)

Антониа за „Бекстејџ“ проговори за периодот кога раскина со Иван, а набрзо потоа откри дека ќе стане мајка: „Моите родители се изнаслушаа многу гадости“ (видео)

Популарната пејачка Антониа Гиговска живее среќни и исполнети денови, како професионално така и приватно. Нејзина причина за насмевка, сила и поттик е нејзиното синче Киан кој пред нешто повеќе од една година го обои нејзиниот живот каков што не бил никогаш досега. Деновиве особено сrеќна ја прави и тоа што нејзиниот најнов сингл „Жена“ со кој се претстави на „Макфест е број 1 на трендинг.

Естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ ја покани на интревју каде покрај актиелностите и се’ она што и се слчува периодов не пропушти да чепне по минатото и да ја праша за периодот кога доживеа линч откако ја раскина долгогодишната врска со пејачот Иван Јованов.

Набрзо потоа откри дека ќе стане мајка и дека се свршила со сега поранешниот пријател на Иван, а тогаш нејзин иден сопруг Роберт Спасенцовски.

-Беше многу стресен период за мене, можеби не толку за мене колку за моите блиски за моите родители пред се затоа што се изнаслушаа многу гадости. Иван многу добро знае што направил и мислам дека не треба да се навраќаме на тие теми. Јас кога нешто ќе пречкртам, тоа е пречкртано. Јс го сакам многу Иван како човек и го почитувам, сум поминала многу време со него и сум научила многу работи од него и тоа ќе го кажувам секаде затоа што сум горда на тој период, кажа таа.

Целото интервју ќе се емитува во вечерното и најново издание на „Бекстејџ“ каде ќе дознаеме и слушнеме во целост што се исповедаше пред камера моментално една од најактуелните млади македонски поп пејачки Антониа Гиговска.

фото: Instagram printscreen/ antoniagigovskaa

To top