На Бранка Соврлиќ вредните години со труд, вродија со плод, па затоа денес е една од најбогатите пејачки бидејќи поседува неколку луксузни имоти.
Пејачката има луксузна вила на Илиџа, во која сака да го поминува поголемиот дел од своето време.
Куќата се вика „Голубица“, а е под заштита на државата.
Таа беше задолжена за уредување на ентериерот, додека нејзиниот сопруг се грижеше за надворешноста, па многумина остануваат без здив кога ќе видат како се е уредено.
Во вилата има антиквитети и злато, а во дневната има голем камин.
Пејачката најмногу време сака да поминува во огромниот двор, каде има цвеќиња, фонтана, како и огромен базен покрај кој често позира за социјалните мрежи.
Бранка и нејзиниот сопруг поседуваат и ресторан, куќи и станови низ Балканот, а имаат и недвижен имот во Белград.
фото: printscreen/instagram/YouTube/nijelakobitija