Саша Поповиќ во последно време се бори со сериозни здравствени проблеми, поради кои со месеци не е виден како снима нови епизоди на „Ѕвезде Гранда“.
Во јавноста не е познато од што точно боледува Саша, а сега се огласи и претставничката за медиумите на продуцентската куќа „Гранд“, Весна Милановиќ, која истакна дека Поповиќ наскоро ќе зборува за деталите за неговата состојба.
– Не би коментирала многу за здравствената состојба на Сале. Го очекуваме наскоро и потоа ќе ви се обрати на сите вас. Тогаш ќе можете да го прашате се’ што ве интересира – куса беше Весна Милановиќ.
Саша Поповиќ не се појави на почетокот на снимањето на новата сезона на „Ѕвезде Гранда“ 2024/25, кога беше откриено дека неговата здравствена состојба е нарушена.
Последниов период не се појавува на јавни настани, а последен пат е виден на снимањето на финалето на 17-та сезона на натпреварот.
Потоа дошол на шоуто со патерици и речиси цело време седел на стол.
фото:Instagram printscreen/ Zvezde Granda/ You tube/ paparazzolov