Радио Милева совршено

Северина со синот го посети музејот во Мадрид: Пејачката се пофали со фотографии на Инстаграм во есенски стајлинг (фото)

Северина со синот го посети музејот во Мадрид:  Пејачката се пофали со фотографии на Инстаграм во есенски стајлинг (фото)

Северина со синот и со пријателите отиде во Лисабон, каде ги посети културните места и уживаше во добра храна, дружење и забава.

Фотографиите кои таа неодамна ги објави на Инстаграм потврдија дека навистина не постои моден додаток кој не може да си го дозволи.

Северина овојпат избра вистински есенски стајлинг, кафени панталони и јако со потпис на брендот Golden Goose, која е изработено од брусена кожа со додаток на кадифе. Овој материјал е апсолутен крал на есента, па затоа и оваа есен нема да биде исклучок.

Панталоните имаат рамен крој и шав на средината, додека јакната е на закопчување и украсена е со крзнена јака во бела нијанса. На неа, оваа модна комбинација изгледа совршено.

Сепак, тоа што најмногу паѓа в очи е чантата од „Хермес“ (Биркин модел), која има препознатлива форма и се прави од егзотични материјали по желба на клиентот. Рачно се изработува во шестфазен процес што вкупно трае над 20 часа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Станува збор за најпопуларната, но и една од најскапите чанти во светот, чија цена се движи од 5.000 евра за најмалата големина до 12.000 евра за најголемата големина од 40 сантиметри. Сепак, во зависност од желбите на клиентот, цената на оваа чанта би можела да достигне и вртоглави 300.000 евра. Чантата Биркин го добила името по актерката и пејачка Џејн Биркин, а била создадена во 1981 година.

 

Фото: printscreen/instgaram

To top