Сека Алексиќ неодамна откри што најмногу и забележува на колешката Теа Таировиќ.
Пејачката не можеше да не го спомене нивниот договор и средба, на која Теа доцнеше 45 минути, што ја изненади Алексиќ.
– Неодамна се израдував кога ги видов Убавата Брена и нејзиниот син Виктор кој седеше до мене. Ми кажа дека прави визуелни слики за концертите на мајка му. Виктор го познавам од дете и никогаш нема да заборавам кога ми донесе љубовно писмо на снимањето. Имаше шест години и тогаш Брена дојде кај мене и ми рече: „Знаеш што, Сис, мојот син е заљубен во тебе и ти донесе писмо“. После тоа дојде и пишуваше дека ме сака, седна до мене, сериозен и висок и рече: „Правам визуелните идеи за мајка ми“ и ми покажа што прави. Таа приказна ми беше интересна. Сега тој веќе порасна. После тоа посакав и мојот син да може да направи такво нешто – призна Сека.
View this post on Instagram
Потоа Сека раскажа за ситуација која и се случила неодамна, а главен актер е Теа.
– Теа има сериозни проблеми со доцнењето. Тоа е единственото нешто што не ми се допаѓа кај неа, бидејќи професионалците не можат да доцнат. Не можат да си го дозволат тоа и тоа е голем луксуз. Пред неколку дена имавме состанок и таа дојде по 45 минути. Дечкото на Теа ја заклучил во станот и заборавил да и остави друг клуч, а таа не можела да излезе. Тогаш сакав да издадам четири песни, но имавме проблем бидејќи ја немавме четвртата песна. Теа задоцни, таа е виновна. Кога ќе одите кај Теа, кажи ѝ да забрза малку, но таа веројатно ќе работи на тоа во одреден момент деновиве. Теа и јас сме на телефон неколку месеци нон-стоп и разговараме, таа задоцни со таа четврта песна и и реков: „Теа, имам спотови спремни“, и таа ептен се изнервира, и реков : “Извинете, а кој друг има снимени видеа, но нема песни?” – изјави Сека во подкастот на „Екстра ФМ“.
фото:Instagram printscreen/ seka_aleksic