Живот и стил

Коцки од гриз и пудинг: Освежителен десерт кој лесно се подготвува

Коцки од гриз и пудинг: Освежителен десерт кој лесно се подготвува

Коцки од гриз и пудинг со вкус на јагода се едноставен десерт за кој е потребен само 15 минути за да се подготви. Поради освежителниот вкус, идеален е за топлите денови кои претстојат.

Состојки:

6 рамни лажици гриз
200 милилитри вода
2 кеси пудинг од јагоди (може и од малини)
800 милилитри вода за пудингот
14 лажици шеќер (за пудинг)
кокос за посипување

Подготовка:

Во тенџере ставете 600 милилитри вода. Потоа измешајте шест лажици гриз со 200 милилитри вода. Во друг сад измешајте две кесички пудинг со 200 милилитри вода и додадете 14 лажици шеќер.

Кога водата ќе зоврие додадете ја смесата со гриз. Внимателно измешајте да не останат грутчиња. Кога смесата ќе се згусне, додадете го пудингот и повторно мешајте додека не добиете густа, розова смеса.

Колачот можете да го истурите во тавче во кое претходно сте додале кокос или пак смесата да ја истурте без претходно ставен кокос. Кога смесата ќе се згусне и ќе се олади, исечете ја на коцки. Секоја коцка извалкајте ја во кокос.

Послужете го десертот изладен.

Извор: Курир

To top